Македонската Имиграција во Канада собра над 150,000 канадски долари, помош за настраданите од поплавите

0
320

Здружената македонска имиграциона заедница во Канада во неколку хуманитарни акции организирани од црквите на Македонската Православна Епархија, македонски организации во Канада, активисти, подржани од македонската Амбасада и Конзулат воТоронто собра над $150,000 канадски долари за помош на настраданите од поплавите во Скопје и околините места.

14434849_1792051937703850_5485750765678860564_o
Ова не е прв пат македонската заедница во Канада на дело да ја покаже својата хуманост и застане рамо до рамо со своите браќа и сестри од Македонија во тешки моменти. Во два наврти македонските цркви поддржани од Македонската Епархија и активисти од македонската заедница организираа две хуманатирни акции: во првата хуманитарна акција која се одржа на 14ти Август 2016 во македонската православна црква Св Илија во Мисисага се собраа донации во износ од $22,150 . 100% од собраната донација веќе е испратена до Црвениот Крст на Македонија.

14324409_1792053761037001_955030487670086912_o-1
На 17ти Септември 2016 повторно се одржа голем добротворен банкет во македонската православна црква домаќин Св Климент Охридски во Торонто на кој се собраа донации во износ од $85,500 од кои повторно 100% ќе бидат испратени за помош на настраданите од поплавите во Македонија. Најголемата донација во вредност од 50.000 канадски долари беше дарувана од бизнисменот  Крсте Ивановски . Вкупниот износ на донации организирани само во македонските православни  цркви од Канада изнесува $107,650. Уште неколку директни донации на поединци и организации од Канада ја достигнаа вкупната донација од македонската имирациона заедница во Канада до бројка од над $150,000 канадски долари.

14362594_1792052574370453_2202948618865065961_o
Иако физички не сме во Македонија, нашите срца и мисли се секогаш со Македонија, тоа не се само празни зборови, нашата љубов и хуманост за Македонија и македонскиот народ го покажавме на дело, велат од здружената македонска имиграциона заедница во Канада .
Од Торонто
Соња Лозановска, Боне Темелков

Фото Суза Ѓоршоска

Без коментари

LEAVE A REPLY