Македонската опера и балет го отвора „Интерфест“ во Битола

0
670

Македонската опера и балет (МОБ) вечер во битолскиот Центар за култура со балетот „Шехерезада“ ќе го отвори 24. издание на фестивалот на класична музика „Интерфест“.

Во наредните десет дена, до 12 октомври, на повеќе фестивалски сцени во Битола ќе гостуваат уметници од 11 држави кои ќе понудат концерти кои претставуваат светска реткост во многу големи музички центри, а деновиве и во Македонија, истакна Милица Шперовиќ Рибарски, уметнички директор на фестивалот.

– Почнуваме со балетската претстава „Шехерезада“ на МОБ, една од најзначајните институции од областа на уметноста што го отсликува и афирмира културното живеење во Македонија, а веќе утревечер ќе ги имаме Ирина Захаренкова, пијанистка од Русија, и Оксана Синкова, флејтистка од Естонија, кои ќе понудат музика од 17.век, дела на Јохан Себастијан Бах и синовите. Како што е познато, Бах имал 20 деца,а 4 од нив биле познати композитори и токму ова дуо кое веќе пристигна во Битола утревчер ќе приреди концерт во салата на клавирите во Завод и Музеј-Битола, истакна Шперовиќ Рибарски.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY