Македонската песна Стамена со нова модерна обработка на Далибор Ѓошиќ

0
1302

Пејачот Далибор Ѓошиќ го промовираше вториот сингл од „Ајде сонце зајде“, проект во кој се обработуваат стари македонски народни песни. Станува збор за песната „Стамена“, а на целиот овој проект работат докажани и признаени музички имиња од Македонија, како Сашо Ливрински, еден од најпознатите македонски композитори, кој се јавува како обработувач на песните, кои ќе се најдат на овој албум.

Пред нешто повеќе од месец и половина, со големата промоција на „Ајде сонце зајде“, првата песна и спот од овој албум, Далибор само најави плодна година, во која дел по дел, ќе биде испромовиран целиот албум. Токму на оваа промоција беше во живо отсвирена песната „Стамена“, а делови од тој настап се искористени во новиот спот.