Македонската песна за Евровизија ќе биде претставена на 7- ми март

0
745

 

Калиопи на 61-тото издание на Изборот за песна на Евровизија во Стокхолм, Шведска, по втор пат ќе ја претставува Македонија.

Песната со која таа ќе нè претставува го носи насловот „Дона“, а премиерно ќе можеме да ја слушнеме на 7 март во 20.15 часот на МРТ1.

Песната „Дона“ ќе биде изведена на македонски јазик.

Како што е познато, Калиопи и за оваа песна соработуваше со долгогодишниот соработник Ромео Грил, па не се сомневаме дека станува збор за уште еден хит. На претстојното, 61. по ред издание на популарниот европски фестивал, пејачката ќе настапи во рамките на втората полуфинална вечер, која ќе се одржи на 12-ти мај, а се надеваме дека ќе го повтори успехот од 2012 година, па ќе ја видиме и во големото финале на 14 мај.

Нејзиното прво учество на Евровизија во 2012 година со песната „Црно и бело” ѝ овозможи на Македонија влез во големото финале.

Со богата музичка биографија како интерпретатор, автор и инструменталист, позната и призната не само во Македонија туку и на балканската музичка сцена, Калиопи соработува со врвни авторски имиња. Нејзиното истенчено чувство за сценски перформанс, маркантниот и оригинален артизам, ѝ овозможија низа на хит рефрени кои се слушаат и се препознаваат не само на македонската, туку и на балканската музичка сцена и пошироко.

Точниот редослед на настап на секоја од земјите учеснички ќе биде утврден по завршувањето на средбата на шефовите на делегации, закажана за 14-ти март.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY