Македонската традиција и фолклор преку КУД Илинден, презентирани во Хрватска

0
1039

Културно уметничкото друштво Илинден од Битола,во рамките на својата турнеја во Република Хрватска,одржа два концерти во Подстрана и Дуги Рат( во рамките на културното лето). Соработката со КУД Далмација од Дуги рат трае повеќе години,благодарение на Хрватскиот културен центар и Македонско Хрватското друштво Марко Марулиќ од Битола.

11668017_10206896420263055_648306526_n

Пред самиот концерт во Дуги Рат, многубројните гости ги поздрави претседателот на КУД Илинден и ЦИОФ Македонија, Антонио Димитровски,градоначалникот на Дуги Рат, Јерко Роглиќ и претседателот на КУД Далмација, Сречко Зелиќ. Концертот го следеше и претседателката на хрватската матица на иселеници од Сплит, Бранка Безиќ Филиповиќ,клапа Марјанки Сплит и многу други. Инаку КУД Илинден е едно од најстарите и најголеми културно уметнички друштва во Македонија, кои оваа година одбележуваат 60 години постоење. Амбасадори на македонскиот фолклор и традиција насекаде низ светот,добитници на престижни награди и признанија, меѓу кои Гран при во Монт Дор Франција,прво место на еден од најреномираните фолклорни фестивали во светот,во Ланголен В.Британија и многу други.

11995561_10206896420223054_169525606_n

Основани во 1955,денес бројат околу 400-тини членови распоредени во 14 групи. Во Р.Хрватска гостувале над 40 пати. Покрај повеќе ора од вардарска и егејска Македонија,обичајот Ѓурѓовден кои КУД Илинден ги изведоа пред многубројната публика,во инструменталниот дел брилјираше шефот на оркестарот Славе Наумовски,а “Илинденци”на крај,изиграа неколку македонски ора,заедно со сите присутни на концертот.

11994284_10206896420183053_2062506952_n

Соработката со КУД Далмација продолжува со збратимување на двете друштва,а гостите од културно уметничкото друштво од Дуги Рат го најавија своето присуство на големата манифестација по повод одбележувањето на јубилејот на КУД Илинден во декември оваа година. Покрај Дуги Рат,КУД Илинден ги посетија Дубровник и Сплит. Неда Маретиќ