Македонската традиција во Битола преку концертот на Танец

0
421

Ансамблот „Танец“ претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура повеќе од шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот. Овој ансамбл со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на македонското материјално и нематеријално културно наследство.
Во рамките на македонската турнеја изведоа целовечерен концерт во Центарот за култура- Битола.

Од 7 -ми до 25 – ти април, Република Македонија е почесна земја-учесник во рамките на манифестацијата „Денови на културното наследство“ во Шарџа, во Обединетите Aрапски Eмирати, каде македонското културно наследство е презентирано со посебно македонско етно село. Манифестацијата беше отворена со концертот на Танец.
Овој фестивал секоја вечер просечно има околу 11.000 посетители од сите емирати и пошироко.
На 26 јуни Танец ќе ја реализира и Балканската турнеја која започнува со концерт во Бар, Никшиќ и Подгорица и продолжува во БиХ.
Изминатиов период ги снимија албумите Незаборав 3 и Незаборав 4 на кои се најдоа вкупно 24 песни и 14 ора од богатата ризница на КУД. Танец.
Овие две изданија доаѓаат како надополнување на Незаборав 1 од 2011 и Незаборав 2 од 2013 година, на кои се најдоа 19 музички нумери.