Македонската верзија на Отело вечерва во Израел

0
326

Денес со почеток од 19 часот, Битолскиот театар ќе ја изведе претставата Отело во режија на Диего де Бреа, на фестивалот на алтернативен театар во Акко, Израел, на кој фестивал учествуваат по втор пат.

Екипата на битолскиот театар веќе неколку денови се во Израел , каде посетија повеќе места и ги одржаа пробите .

Покрај нив актерите секоја вечер имаа можност да уживаат во изведбите на другите актери и претстави кои се изведуваат на повеќе локации во градот, како дел од фестивалот.

Главната улога во Отело ја игра Борче Ѓаковски, Дездемона ја игра Катерина Аневска, а во другите улоги се Никола Пројчевски, Валентина Грамосли, Марјан Ѓоргиевски, Петар Горко, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска.

Во екипата во Израел се и директорот на битолскиот театар, Валентин Светозарев, како и уметничкиот директор Благој Мицевски.

Битолскиот театар е единствениот од Македонија кој се претставил во Израел на овој фестивал, а се работи за 30 – тата изведба на Отело, претстава со која гостуваа и на фестивалот во Нови Сад.

Со претставата Отело во 2014, се отвори драмската програма на фестивалот Охридско лето, а беше претставена и минатата година во Велес во рамките на манифестацијата „Велес -Град на културата 2015“.