Македонски и грчки музичари со заеднички концерт во Битола

0
494

Мандолинскиот оркестар Стив Наумов од Битола,заедно со хорот Екфраси од Солун, ќе одржат хуманитарен концерт во Битола.

– Концертот заеднички го организираат Здружението на Битолчани од Солун „Картериа“, Здружение за пријателство и соработка со Грција „Пелагонија“ и Лајонс клубот „Битола“ од Битола-истакна Кристијан Велјанов од ЛК. Битола.

Концертот ќе се одржи во сабота во 18 часот во големата сала на Центарот за култура Битола, а собраните средства од овој настан, ќе бидат наменети за купување облека за деца без родители.
Со оваа хуманитарна активност и донација битолските лајонси продолжуваат со реализирање на содржините посветени на 100 години лајонизам во светот и 20 години лајонизам во Македонија, а во чија основа се помошта и поддршката на лицата кои имаат потреба од некаква помош.