Македонски камион се судри со српски автобус: Притвор за возачот на автобусот

0
394

Македонски камион се судри со српски автобус. На возачотавтобусот на кој учествувал во сообраќајната несреќа кај Врање, во која животот го загуби една мигрантка, а повеќе лица се повредени му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа, соопшти полициската управа во Врање, пренесува Танјуг.

Во несреќата учествувале автобус „Сетра“ со лесковачки регистарски ознаки со ккој управувал В.З. (36) од околината на Бујановац и камион „Даф“ со македонски регистарски теблички со кој управувал државјанин на Македонија.

По налог на заменик обвинителот на возачот на автобусот му е одредена мерка притвор во тарење од 48 часа, поради сомнение дека извршил кривично дело „тешки дела против безбедноста во сообраќајот“ и со кривична пријава ќе биде изнесен пред заменик обвинителот.

Ианку во сообраќајната несреќа што се случила синоќа околу 22.30 часот, една жена го загуби животот, седум лица се тешко повредени, а две полесно.