Maкедонски камионџија приведен со 109 илегални мигранти во Бугарија

0
512

Во близина на Пазарџик, Бугарија, вчера биле приведени 109 илегални мигранти, сместени во камион со кој управувал македонски државјанин. Меѓу мигрантите имало 30 мали деца на возраст од 0 до 10 години.

Мигрантите ги забележал случаен минувач, кој видел како од камионот застанат на патот меѓу селата Калугерово и Лесичово се симнуваат мажи, жени и деца, јави бугарската агенција Фокус.

Полицијата утврдила дека станува збор за мигранти од Ирак и Сирија без никакви документи.

Возачот на камионот (55) е македонски државјанин со статус на постојан жител во Бугарија. Мигрантите во Бугарија влегле од Турција.

Мигрантите се пренесени во прифатен центар за странци, а шоферот е во 24-часовен притвор.