Македонски студенти ќе решаваат задачи на НАСА

0
316

Студенти од Македонија по четврти пат ќе бидат дел од глобалниот натпревар на НАСА и ќе имаат можност да понудат решенија за некои од глобалните проблеми со кои се соочува Земјата и Вселената.

Натпреварот во Македонија ќе се одржи од 22 до 24 април во организација на македонско-американската компанија „Њуменс бизнис акцелератор“.

Тимовите ќе работат на предизвици поврзани со аеронаутиката, планетата Земја, вселенските станици, пат до Марс, соларен систем и вселенска технологија.

Пријавувањето на тимовите кои сакаат да учествуваат ќе трае до 17 април