Македонски турист загина кај Едрене, има и повредени

0
524

Еден македонски турист загина, а други 38 се повредени во Турција кога автобус со скопски таблички удрил во камион кај градот Едрене.

Загинатиот турист е на возраст од 45 години, а повредените од кои пет се во тешка состојба се однесени во болница во Кешан и Малкара.

Несреќата се случила во 1 часот по полноќ, кога од засега непознати причини автобусот се забил во камионот кој бил пред него. Автобусот се враќал кон Македонија, по туристичка посета на Истанбул.

Според пишувањата на турските медиуми, по ударот камионот кој го возел 29 годишен Турчин го влечел автобусот стотина метри.