Македонскиот амбасадор на фолклорот Танец со концерт во Битола

0
581

Веќе шест децении ансамблот за народни игри и песни “Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на Македонското материјално и нематеријално културно наследство. Наследство, кое како и народниот вез е длабоко врежано во потсвеста на секој Македонец.

Пред битолската публика одржаа концерт во Центарот за култура презентирајки нова програма.

Со Центарот за култура имаат одлична соработка со оглед на тоа што и 65 годишнината на Танец, овој ансамбл ја одбележа со концерт во оваа институција.

После Битола, следуваат уште многу концерти а се подогтуваат и за традиционалниот концерт за новогодишните и божиќните празници.

Ансамблот Танец, претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот.