Македонскиот генијалец остана сирак

0
2803

Сигурно сите се сеќавате на младиот генијалец по информатика Марко Чаласан кој постигна големи успеси од областа на компјутерите. Сега на овај генијалец му е потребна помош. Како што објави „Фокус“,  Марко Чаласан пред неколку дена ја изгубил својата мајка , па сега му е потребна помош од државата.

Сега генијалецот по информатика, има 16 години а стана познат уште од својата шестгодишна возраст со успесите што ги постигна во областа на компјутерите, останал сосема сам во Скопје, откако мајка му почина по долгата битка со ракот. Тој живее во изнајмен стан во населбата Аеродром, без никој близок кој што би му помогнал. Како што пишува фокус неговиот татко живеел во Америка, и по разделбата со мајка му, не му помагал финансиски, додека пак родителите на неговата мајка , живееле во Неготино и не биле во состојба да ја плаќаат неговата месечна кирија од 200 евра, но и патувањата на натпреварите кои што се неизоставен дел од неговиот живот со години наназад.


Освен македонските медиуми, телевизиски прилог за македонскиот Моцарт на компјутери, како што го нарекуваа, имаше и на американската мрежа Си-ен-ен . Тој неколку дена беше топ-вест и имаше безброј коментари од американските гледачи на овој познат канал . Во десетминутниот разговор со Марко, новинарката Ана Корен, авторка на серијата прилози од нашата земја под наслов „Ај-лист Македонија“, од областа на културата, економијата, политиката и животот воопшто, за ова натпросечно интелигентно и талентирано момченце, чиј заштитен знак е долгата коса, тогаш рече дека освен што е натпросечно интелигентен, тој извонредно зборувал англиски јазик, а освен тоа знаел и други три странски јазика.

На своја 9 годишна возраст Марко Чаласан одржа предавање на Економскиот факултет во Подгорица на тема Streaming Media и предностите на неговиот стриминг медиа проект за далечинско учење. Предавањето на Економскиот факултет предизвика огромен интерес и воодушевување кај посетителите, а не помал беше и интересот на црногорските медиуми. Тогаш како што пишуваа медиумите , Црногорските власти му понудиле да живее и да се школува на еден од тамошните факултети за информатика. Марко кого веќе го нарекуваат “ИТ Моцарт” беше во Црна Гора на покана на тамошното министерство за информатика.

Марко Чаласан од своја 8 годишна возраст е способен да заработува од одржување на компјутерската мрежа. Тој е најмладиот мајкрософт администратор во светот , кога весниокот Тајм го претстави како „Моцарт на компјутер“.

По загубата на својата мајка како што пишува „Фокус“ потребно му е покривање на сметките, на киријата, но и средства за живот во наредните две години. Кога ќе го заврши школувањето, тој ќе замине во Америка. Со неговата мајка биле таму, и договорено е тој да почне да студира во Америка, но и да работи додека се школува.

Апелот за помош се однесува не само до институциите, туку и до сите добри граѓани кои што се во можност да помогнат.

Марко Чаласан , по апелите за помаш се огласи преку социјалните мрежи

-Најпрвин сакам да ви се заблагодарам на сите за поддршката во ова тешко време, но што се однесува за финансиска помош во моментов сите потреби ми се покриени. Повторно ви благодарам за понудената помош, но моментално се е покриено, пишува Чалосан на Фејсбук.

Без коментари

LEAVE A REPLY