Македонскиот народ одлучува за својата иднина

0
405

„Македонскиот народ одлучува за својата иднина“, е Твитер пораката на премиерот Никола Груевски, објавена кратко по изјавата на британскиот амбасадор Чарлс Гарет, кој во име на петте амбасади во земјава, САД, Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Европската Унија упатија критика до владата.

Дипломатскиот кор од ВМРО-ДПМНЕ бара да не ги одложува неопходните реформи за излез од кризата, бидејќи како што рече амбасадорот Гарет, сите влади имаат особена одговорност при политичка криза.

– Од Груевски бараме да го охрабри својот тим за да се финализира Договорот за нерешените прашањa, рече Герет, напоменувајќи дека тие се потребни за изборите кои ќе треба да бидат признаени од релевантните фактори дома и надвор, во април следната година.

Тој побара од СДСМ да ја испочитува својата улога за конструктивни преговори и да не се објавуваат нови содржини од т.н. политички „бомби“.

Премиерот неодамна повторно побара старт на преговорите за влез во ЕУ, но рече дека евентуалното губење на препораката, поради политичката криза, според него, народот нема да го доживее трагично.