Македонскиот почесен конзул во Шпанија се обидел да се самоубие

0
122

Марио Деус, почесниот конзул на Македонија во Шпанија се обидел да се самоубие неколку дена по убиството на своите тригодишни близнаци во Кејп Таун, Јужна Африка.

Тој вчера не се појави пред судот во Кејп Таун бидејќи бил во болница со сериозни повреди на стомакот, потврди за локалните медиуми неговиот адвокат.

Марио Сезар Деус е почесен конзул на Македонија во Барселона од 6 декември 2012 година. Тој не е дипломат од кариера, туку бизнисмен и е познат стоматолог во Барселона. Засега не е познато кога тој ќе биде пуштен од болница, а следното негово рочиште е закажано за 19 април.

http://24vesti.com.mk