Македонските јуниорки ја „збришаа„ Литванија, вечерва мислат на Германија

0
638

Женската младинска репрезентација на Македонија имаше победнички старт на Европското првенство за ракометарки до 19 години кое до 2 август се одржува во Шпанија. Избраничките на Симе Симовски на отварањето беа подобри од селекцијата на Литванија со 31:27. Најпрецизна беше Сара Ристовска со осум погодоци додека еден помалку даде Наташа Нолевска. Денес од 21:00 часот во рамките на второто коло ќе играме со Германија која на стартот на шампионатото загуби убедливо од Русија со 26:18.