Македонските кошаркари го совладаа Луксембург

0
316

Македонската кошаркарска репрезентација со победа над апсолутниот аутсајдер Луксембург 89-75 (30-13, 18-15, 21-26, 20-21), стартуваше во квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи наредната година.

Македонија победи против аутсајдерот, но селекторот Раца треба да биде загрижен од неодговорната игра во одбраната, која неговите избраници ја демонстрираа во второто полувреме. Македонските кошаркари во вториот дел му дозволија на противникот да постигне 47 поени, а во исто време тие постигнаа 41 кош.

„Црвено-жолтите“ победникот го решија во втората половина од првата четвртина, кога од 9-9 со серија 21-4 створија позитива од 17 поени. Разликата во еден период изнесуваше и 22 во корист на македонските играчи, кои тука застанаа. Противникот играше за својата чест и на нецели три минути до крајот стигна до едноцифрена негатива (79-70) и тоа беше се што аправија борбените Луксенбуржани.

Потоа Македонија со серија 10-5 го затвори натпреварот.

Капитенот Војдан Стојановски беше вистински лидер, тој постигна 28 поени, а покрај него двоцифрени беа уште неговиот брат Дамјан (13 поени, 7 скока, 4 асистенции), Костовски (13 поени) и Јанески (10 поени). Американецот Ромео Тревис имаше учинок од четири поени, девет скокови и шест асистенции.

Во второто коло Македонија, в сабота, ќе гостува во Лондон кај Велика Британија. Британците на стартот загубија од Унгарија со 96-77.