Македонско-грчката граница е затворена

0
488

Преминот за бегалците на македонско-грчката граница од вчера е затворен. Ноќта тука ја поминале неколку илјада бегалци од воените жаришта и економски мигранти. Нетрпеливоста меѓу оние кои можат да ја поминат границата (бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан) и економските мигранти од Иран, Пакистан, Мароко, Сомалија, Непал… расте.

Секојдневно сè повеќе мигранти се обидуваат да ја заобиколат оградата и илегално да влезат во Македонија за да го продолжат патот кон „ветените земји, членки на ЕУ“.

Во текот на ноќта грчката полиција целосно ја напушти пограничната зона. Околу илјада нови бегалци и мигранти се пристигнати.