Македонци, Срби, Црногорци со лажни бракови до дозволи за работа во ЕУ

0
396

Словачката полиција пресече канал преку кој Македонци, Срби, Црногорци со лажни бракови за 3.500 евра добивале дозволи за престој и работа во ЕУ.

На овој начин добивале дозволи за Германија, Данска и други европски земји, а полицијата уапси пет Словаци за кои ова бил рентабилен бизнис.

Жените од Словачка прво средувале документи во странство,  а потоа се носени во Србија да склучат брак за 3.500 евра.

Жените од Словачка лесно добиваат престој во Германија, затоа што доаѓаат од земја од ЕУ, а со нивна помош истото го овозможувале и на сопругот од Балканот.

Од петмината уапсени Словаци, двајца се во притвор, а тројца се бранат од слобода.

За шверц на имигранти нив им се заканува казна од 2 до 8 години затвор по словачките закони.

Се испитуваат уште 20 вакви фиктивни бракови, кои жени од Словачка на возраст од 21 до 43 години ги склучувале со мажи од Западен Балкан.

Од почетокот на годината се уапсени 23 луѓе во Словачка за организирање лажни бракови.