Македонците на проституција годишно трошат над 47 милиони евра

0
487

Во Македонија не постојат официјални бројки колку лица се занимаваат со проституција, а се калкулира со неофицијални бројки од 5 000 до 10 000.

Од економски поглед, оваа дејност учествува и во пресметките на македонскиот БДП, според трошковниот медот, практика која од пред неколку години почна да се применува во земјите на ЕУ.

Според официјалните податоци, како резулат на проституција годишно влегуваат по милиони  евра во Бруто домашниот производ  пишува Eмагазин.

Така, во 2011 година трошоците за проституција во Македонија изнесувале околу 2,5 милијарди денари, во 2012 година 2,6 милијарди денари, а во 2013 година 2,9 милијарди денари или нешто повеќе од 47 милиони евра.

Оваа нелегална дејност е се почеста во нашите простори. Само минатата година, во полициски контроли беа отркиени и приведени 85 странски државјанки, кои нелегално работеле како пејачки, танчерки и слично.