Македонците од Гора со кандидатска листа на изборите на Косово

0
563

На предвремените парламентарни избори во Косово, што ќе се одржат на 11 јуни, со своја кандидатска листа ќе учествува и партијата на Македонците од Гора „Единствена горанска партија“.

Меѓу тринаесетте кандидати се и три жени. На изборното ливче партијата е на 11 место, а мотото на партијата е „Само единствени за Гора“ („Само јединствено за Гора“).

Хоџа упати апел до сите учесници на изборите, изборниот процес да се спроведе во согласност со меѓународните стандради, да биде фер и коректен.

Во областа Гора во падините на Шар Планина распослани се 18 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед познати под името Горанци, кои говорат македонски јазик.