Македонците од Вашингтон со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“

0
435

Македонците од Вашингтон се приклучија со поддршка за „Заедничка Македонија„. Повеќе генерации Македонци од Вашингтон се собраа пред Белата куќа со развиени македонски знамиња и повеќе пораки.

„Ја изразуваме нашата целосна поддршка за нашите браќа и сестри во Македонија. Да ја зачуваме нашата единствена татковина, нашата слобода и независност. Сега, кога сме свои на своето, нема да дозволиме никој друг да одлучува за нас, за нашата судбина и за иднината на нашите деца и внуци. Македонија е наша земја! Ова е наша битка! За Македонија одлучуваат Македонците и сите други лојални граѓани на Македонија, а не туѓинците и нивните јатаци“, изјави Милка Ковач, професор по македонски јазик.

Македонците од пред Белата куќа порачаа: „нашите татковци и дедовци не се бореа за денес некој друг да ни ја крои судбината. Ни оставија аманет кој не смееме да го заборавиме и држава која мораме да ја чуваме“.

„Отфрламе секакви уцени и ултиматуми од надворешни и внатрешни непријатели, кои треба да знаат дека Македонците не се дрво без корен, и дека нема да потклекнат пред заканите. И од овде, заедно со сите Македонци насекаде во светот, јасно порачуваме: Нема предавање! Нема повлекување!“, вели Ковач.