Македонците повеќе сакаат да се возат со автомобил отколку да пешачат

0
626

Дури 91 отсто граѓани во Македонија воопшто немаат физичка активност или имаат, но помалку од 150 минути неделно, колку што помага за да се подобри здравјето.

Половина од граѓаните на Македонија не практикуваат никаква физичка активност.

Само 8,3 отсто од вкупното население трчаат, пешачат, спортуваат повеќе од минималните 150 минути неделно, колку што е препораката на светската здравствена организација, покажуваат податоците од институтот за јавно здравје по повод 10 мај, светскиот ден на физичка активност.

Без коментари

LEAVE A REPLY