Македонците се повеќе конзумираат пилешко месо

0
418

Пилешкото месо се повеќе застапено на македонската трпеза. Според статистиката во Словенија се конзумира 28 килограми пилешко месо годишно по глава на жител а просекот во Европа е 23,7 килограми.Во Македонија се троши околу 17 милиони килограми по глава на жител што споредбено со претходните години се регистрира континуиран раст. Генералниот директор на Пирутнина Птуј вели дека бивната компанија е во врвот на произвотството на квалитетно пилешко месо

-Производството на говедско месо е намалено, па и неговата конзумација е намалена, најскапо е и најтешко за подготвување. Колку за споредба конзумацијата на пилешкото месо е зголемена за 1,03“ во споредба со минатата година. Денес од целото производство на месо кое што ние го произведуваме околу 80 милиони килограми , ние само 10% од тоа го продаваме како цело пиле а на останатите проценти вршиме преработка и доработка, изјави Роман Гласер генерален директор на Пирутнина Птуј

Во 1990 година оствариле 30 милиони евра приходи , а денес имаат 270 приходи од произвотство и продажба на пазарите во Хрватска, БиХ, Романија, Македонија, Србија, Австрија а ги има и на пазарот во Албанија и Арапските земји.