Македонците се за легализација на медицинската марихуана

0
270

За легализација на медицинската марихуана се 70 отсто од македонските граѓани, а 28 отсто се против, покажува анкетата на агенцијата за истражување на пазар и јавно мислење М-Проспект.

За општа легализација на марихуаната се 34 отсто од испитаниците, а против се 63%.

Теренската анкета е спроведена од 15 јуни до 15 јули. Македонските граѓани биле прашани: Дали мислите дека употребата на медицинска марихуана треба да биде легална и дали употребата на марихуана треба да биде легална или не?