Македонците во Германија бараат признавање на возачките дозволи

0
2386

Се почесто македонците бараат работа во странство а како најчеста дестинација ја одбираат Германија, со оглед на фактот што македонците се многубројни таму, преку петицијата се бара признавање на македонските возачки дозволи во Германија, а за подршка на оваа петиција останаа уште 10 дена. Целта на петицијата е признавање на возачките дозволи издадени во Р. Македонија од страна на СР Германија.
Бројот на регистирани македонски државјани во СР Германија, кој во периодот 2014-2015 се зголемил за 12 122, се очекува постојано да се зголемува, поради големата заинтересираност на македонските граѓани за работа во СР Германија. Во моментов, секој македонски државјанин кој ќе пријави престој во Германија може да управува моторно возило од Б категорија само во првите шест месеци. Потоа мора одново да полага за возачка дозвола.
Според иницијаторите на петицијата, тоа не е само „финансиско, туку и временско оптоварување, и истовремено пречка за извршување на професионалните и приватните обврски“. Правилото важи за сите држави кои немаат потпишано договор за меѓусебно признавање на возачките дозволи.
Македонските возачки дозволи се признаени и можат да се преведат во повеќе земји-членки на ЕУ, но не и во Германија. Причината е во негативното мислење на германските власти во однос на квалитетот на обуката и испитот за возачи во Македонија. Таквото мислење е издадено уште во 1990-те години, и оттогаш трае обидот на македонските власти да докажат дека возачкиот испит во земјата е компатибилен со директивите на ЕУ и Германија.