Маките на жителите од Брусник

0
1401

На само 1500 метра над Брусничката населба е селото Брусник, село со убава местополжба, но оние кои живеат таму, ги мачат неколку работи за како што велат, да живеат живот во нормални услови. Собрани на влезот од селото, ни се пожалија за канализацијата, за водата, патот и депониите. Се жалат и на тоа што немале коперација, па ако не го стигнат лебот кој дневно им го носат, останаа без леб цел ден, велат стари сме, нозете не ни одат да тркнеме до Битола по леб.

brusnik 1

Жител на селото, вели дека сега тие биле како деца без татко, ни продавница ни ништо, ни вода ни канализација ,ни патишта ништо немаат како што треба.

Други жители појаснија како се борат со смрдеа од избивање на канализацијата, која ја нема.

Овде беше рекиче сите го затрупаа и сега озвде избива ни смрди, купив цевки и ги поставив до онде неможам јас до Брусничка населба да поставам има надлежни си плаќам порез.

И со водата имале проблем.

 

brusnik 2

Жители велат дека лани им ископале и така оставиле, други додаваат дека ако влезеш да се тушираш снемува вода и седат со сапуница.

Овие неколку прашања ги поставивме до надлежните претпријатија. Од Водовод велат дека, деновиве треба да се изврши примопредавање од општината до претпијатието, по завршувањето на реконструкцијата на водоводната мрежа, по што ќе постават приклучоци и водомери. Од Комуналец пак не информираат дека не ветиле бесплатни контејнери, туку предлагаат по примерот на 16 рурални средини со кои Комуналец има договор, се обврзуваат дека и во Брусник ќе собираат смет, доколку жителите потпишат договори со јавното претпријатие.