Макрон и Путин го топат мразот во односите

0
90
Russian President Vladimir Putin (R) and French President Emmanuel Macron (L) wave upon their arrival at the Versailles Palace, near Paris, on May 29, 2017, ahead of their meeting. French President Emmanuel Macron hosts Russian counterpart Vladimir Putin in their first meeting since he came to office with differences on Ukraine and Syria clearly visible. / AFP PHOTO / STEPHANE DE SAKUTIN (Photo credit should read STEPHANE DE SAKUTIN/AFP/Getty Images)

Новоизбраниот француски претседател, Емануел Макрон, и рускиот колега, Владимир Путин, разговараа за координацијата на борбата против тероризмот и регулирање на кризите во Сирија и во Украина. На средбата во Версај, во рамките на свеченоста по повод 300-годишнината од посетата на Петар Велики на Франција, од двајцата лидери беше разгледано и прашањето за унапредување на руско-француските односи. Во текот на изборната кампања, Макрон ја критикуваше политиката на Москва како „опасна“ и порача дека нема да ги затопли односите со Кремљ. Аналитичарите оценуваат дека средбата Путин – Макрон ќе го стопи мразот во односите помеѓу двете земји. Најновите анкети покажуваат дека повеќето Руси очекуваат дека изборната победа на Макрон ќе ги затопли врските меѓу Русија и Франција.