Макрон потрошил 26 илјади евра за шминка

0
357

Францускиот претседател Емануел Макрон потрошил 26.000 евра на своето разубавување, откако пред три месеци стапи на чело на државата, објави списанието „Пуан”.

Личната шминкерка на Макрон на Елисејската палата и доставила две сметки од 10.000 и 16.000 евра, за шминкање на претседателот пред неговите патувања и средби со новинарите.

Само за споредба, неговиот претходник Франсоа Оланд квартално трошел 30.000 евра за шминка, а бруто платата на неговиот личен фризер пак, изнесувала 9.895 евра. Никола Саркози за фризура и шминка трошел нешто помалку од Макрон, околу 8.000 евра месечно.

Советниците на Макрон по ова, соопштуваат дека тие суми ќе бидат значајно помали во иднина.

Без коментари