Макрон води на француските претседателски избори

0
409

Центристот Емануел Макрон води на француските претседателски избори со најмалку 65 проценти од гласовите, покажаа првичните проекции за резултатите. Ле Пен има околу 34 проценти.

Овие избори беа првите што се одржаа во вонредната состојба што беше воведена по терористичките напади во 2015 година.

Макрон и десничарската кандидатка Марин ле Пен беа речиси израмнети во првиот круг од изборите, кој се одржа на 23 април, во кој Макрон доби 24,01 отсто, а неговата ривалка Ле Пен 21,30 отсто од гласовите.

Победата на Макрон во првиот круг ја поздравија многу политичари на ЕУ, меѓу кои и претседателот на земјата Франсоа Оланд и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, Федерика Могерини. Ривалите на Макрон од првиот круг, конзервативецот Франсоа Фијон и левичарот Беноа Хамон, рекоа дека во вториот круг ќе гласаат за него.