Максимум Крафтверк-концерт со најголемите хитови на култната германска група

0
159

За прв пат во Битола ќе се одржи настан, посветен на музиката на култната група Крафтверк.

Максимум Крафтверк е концертот кој во Центарот за култура ќе биде презентиран пред битолската публика , со нови аранжмани на песните на оваа култна група и атрактивен видео дизајн.

Покрај концертот во Центарот за култура ја очекуваме промоцијата на најновиот албум на Фолтин со наслов Пијан славеј а во тек се подготовките за 45-тото јубилејно издание на Илинденски денови.

Centar_Za_Kultura_-_2.jpg

– Голем предизвик е изведбата на најголемите хитови на Крафтверк во живо-истакна Владимир Димовски член на Каверленд во чија изведба ќе биде концертот.

На истиот ќе бидат изведени 11 композиции на култната група, за чиј аранжман се погрижи Димовски.

Да се потсетиме ,култниот германски бенд ја доби наградата Греми за животно дело.

Centar_Za_Kultura_-_1.jpg

Овој уникатен и талентиран состав ги создаде некои од највлијателните дела во историјата на модерната музика. Нивното наследство е легендарно и вонвременско, а нивната креативност и понатаму ќе ги инспирира и ќе влијае на идните генерации.

Концертот во Битола е на 4-ти јуни со почеток од 20 часот.