Мал референдум за бегалската политика на Меркел

0
503

Елванген на истокот на покраината Баден Виртемберг има 25.000 жители, речиси и да нема невработени, има многу средни претпријатија. Богата општина. Тука Христијанско-демократската унија (ЦДУ) е силна. Сѐ уште. Кон крајот на 2014 година ова гратче се најде во ударните вести. Изрази подготвеност да прими до 1.000 бегалци. Елванген стана познат по својата култура на добредојде. Но, дојдоа многу повеќе луѓе од планираното. Во летото 2015 година веќе беа 4600.

Исчезна пријателската атмосфера. Се слушна и еден истрел од огнено оружје. Среде паркинг, еден Сириец е погоден во глава. Среќа, без тешки последици. И масовните тепачки во прифатилиштата за бегалци создадоа нервоза и сомнеж. А сега ќе има избори. Има ли друга тема освен бегалската политика на Ангела Меркел?

Околу 12,6 милиони граѓани со право на глас (во цела Германија ги има нешто помалку од 62 милиони луѓе) во недела (13.8.) ќе можат да излезат на избори во сојузните покраини Баден Виртемберг, Рајнланд Пфалц и во Саксонија Анхалт. Никогаш досега гласовите од провиницијата не биле толку важни за германската сојузна политика. Класичните покраински теми како што се образованието или полицијата останаа во сенка на бегалската политика.

http://www.dw.com/mk