Малезискиот авион над Украина го урнала ракета на проруските сепаратисти

0
625

Речиси една година откако на 17 јули 2014 загинаа 298 луѓе во уривањето на патничкиот авион боинг над Украина, конечниот извештај на истражителот сè уште не е објавен, но Си-ен-ен ги дознал деталите на документот и вели дека одговорноста за трагедијата е кај проруските бунтовници.

По утврдувањето на фактот дека авионот на Малезија ерлајнс го погодила ракета, па леталото се распаднало уште во воздухот, холандските истражувачи заклучиле дека сите докази укажуваат дека за нападот врз авионот на летот МХ-17 се одговорни проруските бунтовници.

Нацрт-извештајот има неколку стотици страници и го опишува летот на МХ-17 од минута во минута, при што укажува од каде точно е испукана ракетата, односно од која територија, и кој во тоа време ја контролирал територијата. Произлегува дека сè упатува на проруските сепаратистички бунтовници.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY