Малите партии и невладините бараат да се смени изборниот модел

0
686
Помалите партии и невладините организации бараат да бидат консултирани околу изнаоѓањето на решенија за овозможување на фер и демократски избори во април наредната година.
ДОМ, Демократскиот сојуз, Алијансата за позитивна Македонија и ПДП преку писмо до амбасадорите кои се вклучени во преговорите бараат и нивни претставници да учествуваат во работните групи.
За помалите партии овој модел со шест изборни единици е недемократски и не ја изразува волјата на гласачите. И невладините организации бараат вклучување во работата на работните групи.
Дел од невладините организации бараат, според нив, несоодветниот изборен систем да се замени со поправеден модел, кој ќе претставува цврст столб на демократската иднина на државата.