Малкумина битолчани се провериле во ДИК

0
669

Во општина Битола се евидентирани  1901 граѓани кои се на списокот од ДИК за спорни записи. Од нив до денес заклучно со 12 часот во подрачната единица на ДИК се пријавиле само 66. Во општина Прилеп од вкупно 378 граѓани, апликација во подрачната единица на ДИК поднеле 36, а во општина Ресен се евидентирани 382 граѓани кои се на спиокот на ДИК за спорни записи и до денес се пријавиле само 6 лица, изјави Љубица Гугуческа портпарол на ДИК.

На ниво на цела држава до Државната изборна комисија  до денеска до 12 часот се пријавиле вкупно 2.137 граѓани чии што записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список. Од нив, 817 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 1.320 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК.