Малолетник им се заканувал со пиштол на ученици

0
305

Вчера околу 10.40 часот во тетовското Пирок, пред влезната врата од ОУ„Сами Фрашери”, петнаесетгодишник од село Камењане почнал вербална расправија со тројца ученици кои потоа влегле во училиштето.

По нив влегол и  петнаесетгодишникот, извадил гасен пиштол им се заканил и заминал.

Од страна на полициски службеници напаѓачот е пронајден, со потврда за привремено одземени предмети пиштолот со една празна рамка му е одземен и во присуство на неговиот татко бил повикан во СВР Тетово.

По целосно расчистување на случајот против малолетникот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од полицијата.