Манаки годинава без големо актерско име

0
1240

Битола е пред уште едно издание на Манаки. Фестивалот од пред неколку месеци има ново раководство. Долгогодишниот селектор на Манаки, Благоја Куновски сега и директор на фестивалот. Фестивалот од години во година се менува или како што велат расте, се издигува на нивото на светските фестивали, но и оваа година тој нема постојани канцеларии во Битола, а во Скопје се сместени во просторија 5/4 метри квадратни. Велат дека не бараат палата, но соодветен простор за дирекцијата.

Вип ја откажа соработката, односно спозорството на овој фестивал. Во Австрија како што вели Куновски одлучиле да ги прекинат нивните вклучувања во културни манифестации.

Беа прашани колку чини фестивалот? Велат 10 проценти од оној во Сараево.

Манаки оваа година нема да има актерска ѕвезда, како што тоа го правеа во изминатите неколку години. Сега фокусот ќе се става на оние за кои што е фестивалот, директорите на фотографија.