Манасков потпиша за Рајн Некер Ловен

0
663

Играчот на РК Вардар и македонската репрезентација, Дејан Манaсков, кариерата треба да ја продолжи во редовите на Рајн Некар Левен.

Манасков, на почетокот на сезоната, токму од Бундеслигата од Вецлар, пристигна во Вардар, но не успеа да се избори за поголема минутажа во тимот. Најчесто настапуваше во натпреварите од СЕХА лигата, додека во Лигата на шампионите на позиција лево крило играше Тимур Дибиров.

Македонскиот репрезентативец, во својата кратка авантура во Вецлар остави извонреден впечаток, поради што и челниците на најверојатно идниот германски шампион решија да го ангажираат.

Покрај Манасков, челниците на Рајн Некар Левен на левата крилна позиција го ангажираа и исландскиот ветеран Гудјон Валур Сигурдсон, кои треба да го заменат Уве Генсхајмер кој го напушта клубот.