Манастирот Трескавец не е во опсаност

0
346

Оваа информција е според состојбата денеска до 13 часот.Пожарот во близина на манастирот Трескавец и населените места Мажучиште, Мараморани и Горно Село е ставен под контрола. Има чадење на одредени места во изгорениот дел. Ангажирани се пожарникари и доброволци за контрола на пожарот (опш.Прилеп) и не постои опасност од загрозување на манастирот Тресковец.

Пожарот во  близина на с.Крушевица  е сеуште активен. Се работи за непристапен терен, каде е зафатена деградирана шума. Ангажирани се лица од ЈП „Црн Бор“ Прилеп и од месно население.

Пожарот кај с.Никодин сеуште е активен и се наоѓа во уредена шума.  Ангажирани се  вработени од ЈП МШ „Црн Бор“ Прилеп, информираат од Центарот за управување со кризи.