Манчевски мора да смислува илјада причини за СДСМ да избега од избори

0
639

Денешниот прес на Дамјан Манчевски е само потврда на последните анкети во кои се гледа дека СДСМ е во агонија и тоне се подлабоко, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на Манчевски дека и ДИК потврдил оти нема услови за избори на 5 јуни.
„Дамјан Манчевски мора да смислува илјада бесмислени причини како СДСМ да избега од избори и како да не се соочи со народот. Вчера и членовите од СДСМ се потпишаа на избирачкиот список, потврдувајќи дека целата конструкција со измислени фантоми била само производ на Фабриката за афери на партнерите во криминал, Заев и Чауш“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, народот референдумски се спротиставува на деструктивната политика на СДСМ и обидот да се разнебити република Македонија.

„Народот е против идеите на раководството на СДСМ за премиер Албанец. Народот е против федерализацијата за која што разговарале криминалецот Зоран Заев и албанската дијаспора. Народот е против вандализирањето на македонските спомен обележја. Народот се крева против хулиганите кои ги понижуваат илинденците, асномците, децата бегалци и сѐ она што е дел од нашата историја“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. /крај/со/ст