Манифестација по повод 70 години постоење на битолското Музичко училиште

0
660

Државното музичко училиште во Битола е формирано во 1947 та година. Денес во училиштето се едуцираат ученици во повеќе насоки и тоа-музичка теорија, пијано, дувачки инструменти, ударни, гудачки, соло пеење.

Учениците редовно учествуваат на натпреварите во Македонија, како и на интернационалните натпревари надвор од нашата земја, вклучени се во Европскиот оркестар на млади музичари, редвно настапуваат на концерти со Македонската Филхармонија и многу други оркестри.

– По повод постоењето на 70 години на музичкото училиште, се организира голем концерт на 19 ти февруари, во Центарот за култура. После тоа следува средба на генераци-информираше директорот на училиштето Василчо Пецаковски.