Манифестација по повод 90 години од раѓањето на Кирил Македонски

0
147

По повод 90 години, одбележување на датумот од раѓањето на македонскиот композитор Кирил Македонски, македонската академија за наука и уметност и македонското научно друштво -Битола,а на иницијатива на академик Георги Здравев, внук на Кирил Македонски беше организирана , пригодна манифестација во народниот театар Битола.

Роден на 19 ти јануари 1925 година ,Кирил Македонски на нашата музичка сцена се појави во почетокот на педесеттите години и напишал повеќе оркестарски, камерни и хорски дела.

На концертот настапија -хорот на државното музичко училиште под диригентска палка на Лилјана Трајковска, детскиот хор Ѕвончиња со солистот Христијан Трифуновски и пијано придружба Адријана Душевска а под диригентска палка на Марина Коруновска, солистите-Билјана Талевска, Маја Митровска, Марина Коруновска и пијано придружба на Александра Јанковска Момировска.

Kiril_Makedonski_-_2_copy.jpg

Од љубовта кон музиката на Кирил Македонски, поткрепена со солидното образование стекнато во Загреб и Сараево, се јавуваат маркантните творечки остварувања преточени пред се во симфониската поема Танчарка .

Создавањето на најкрупната и најсложена музичко сценска форма операта е следниот предизвик кој Кирил Македонски го совладува и на македонската музичка култура ја подарува првата македонска опера Гоце.

За творештвото на Кирил Македонски зборуваше музикологот Марко Колоски кој истакна- Еден од познавачите на неговото творештво Луција Марија Шкерјанц за неговите дела пишува- дека кај нив се препознава природната и силна пулсација на ритамот која е национална одлика на македонскиот народ.

Врз раскошното фолклорно наследство израснува работата на овој талентиран комзпозитор .

Kiril_Makedonski_-_1_copy.jpg

На маниефстацијата говореше и режисерот Љубиша Георгиевски, а беше прикажан и документарниот филм чиј автор е новинарот Никола Талевски.

На истата присуствувше ќерката на Кирил- Пламенка и неговите внуци.

Во чест на Кирил Македонски деновиве ќе започне со работа камерната опера која ќе го носи неговото име чиј директор ќе биде Ѓеорги Здравев.

Првата изведена опера ќе биде Таен брак.

Освен тоа ќе биде отворена и спомен соба каде ќе се изложат негови значајни експонати меѓу кои и пианото на кое е пишувана првата македонска опера кое во моментов се наоѓа во битолскиот завод и музеј, ќе бидат поставени две бисти една пред спомен собата а другата во македонскиот народен театар.

Кирил Македонски е важна алка во синџирот на современата македонска музичка култура, една од најмаркантните фигури што го овозможија нејзиниот развој , нејзино рамноправно чекорење со најразвиените музички култури во светот.