Манифестација посветена на Кирил Македонски

0
158

СИ-ДО,еден од најстарите детски фестивали во Македонија, се роди како резултат на долгогодишната музичка традиција на Битола.
Во 1991 година ова манифестација го добива денешното, многу популарно име Дете-фест „СИ-ДО” или скратено само СИ-ДО, во чест на името на познатиот битолски музички педагог, композитор и диригент Петар Сидовски.
Оваа година се одржа по 19 -ти пат, и на истиот учествуваа 13 учесници на Битола и гости од другите држави .

 

Si_-_Do_-_1.jpg

За кореографијата беше задолжено студиото за модерен балет Анастасија од Битола.
Во сите тие години, во месец мај, во преполнетата голема сала на Ценатрот за култура, продефилираа над стотина деца годишно – како солисти така и членови на детскиот фестивалски хор.

Si_-_Do_-_2.jpg

Некои од музичките надарени деца учесници на овој фестивал, денес се познати пејачи на македонската естрадамеѓу кои Каролина Гочева, Димитар Андоновски и други. Ќе останат во сеќавање повеќе детски песни во македонската музичка антологија кои за првпат беа испеани на овој фестивал: Супер бабичка, Метро и жилет ,Рокер јас сум мила мамо, Споменар,Наташа од трето три и многу други.
Денес, овој детски музички фестивал има значјно место во културниот живот на градот, како и на многу поклоници на овој вид музика, посебно кај најмладите.

Si_-_Do_-_9.jpg

Последните години , овој фестивал прераснува на едно повисоко ниво во интернационални рамки а тоа се докажува со многубројните награди и признанија што ги добива детскиот музички фестивал СиДо.

 

Неда Маретиќ