Манифестација посветена на жената и поезијата

0
678

Со наслов Поезија посветена на жената и љубовта, во националната универзитетска библиотека Св. Климент Охридски Битола, а во организација на здружението за македонско италијанско пријателство, се одржа манифестација по повод 8- ми март, денот на жената.

Модератори на настанот беа Кирил Добрушевски и Никола Илијовски.

Здружението за македонско италијанско пријателство, овој настан го организира повеќе од 20 години.

Поезија на македонски, италијански, германски, турски, руски и француски јазик имаа можност да слушнат присутните на манифестацијата .


Поезија од македонски автори читаа-Александар Ортаковски Кога ја љубев Дениција од П.М. Андреевски и Стефан Бојаџиев Молитва на моето тело од Ацо Шопов.
Поезија од италијански автори презентираа Климентина Патче и Матија Цветковска, Ќе поминам по плоштадот Штанија од Чезаре Павезе и Жена од Џенова од Дино Кампана.
Лорелај од Хајне Хајнрих, ја презентираа Кристина Илиева и Билјана Китевска , Фани Димитровска ја презентираше Дождливата убавица на Оздемир Инџе, Каролин Потел Златевска од Француската алијанса,читаше поезија на француски .

 

Без коментари

LEAVE A REPLY