Манифестација во Битола во чест на Кирил Македонски

0
616

Камерната опера Кирил Македонски приреди три концерти во чест на музичка младина на Македонија.
На концертите беше презентирана беседа за Кирил Македонски,  а по повод одбележување на датумот од смртта на овој македонски композитор, кој ја компонираше првата македонска опера.

Во чест на Кирил Македонски во 2015 започна со работа Камерната опера која  го носи неговото име, чиј директор е академик Ѓорги Здравев.

Роден на 19- ти јануари 1925 година ,Кирил Македонски на нашата музичка сцена се појави во почетокот на педесеттите години и напишал повеќе оркестарски, камерни и хорски дела.
Создавањето на најкрупната и најсложена музичко сценска форма операта беше предизвик кој Кирил Македонски го совлада и на македонската музичка култура ја подарува првата македонска опера Гоце.
Тука се и низата на оркестарски композиции меѓу кои 5 симфонии, симфониска поема Танчарка, камерни и музичко сценски дела.

Врз раскошното фолклорно наследство израснува работата на овој талентиран комзпозитор .
Кирил Македонски е важна алка во синџирот на современата македонска музичка култура, една од најмаркантните фигури што го овозможија нејзиниот развој , нејзино рамноправно чекорење со најразвиените музички култури во светот.
Камерната опера Кирил Македонски од формирањето до денес е организатор на повеќе концерти меѓу кои и оние на оперските првенци Борис Трајанов, Весна Гиновска Илкова.

На крај на манифестацијата беше презентиран филмот за Кирил Македонски.