Манифестација во чест на Ајри Демировски

0
611

Во културниот центар Магаза, во рамките на битолското културно лето, се одржа манифестацијата во чест на Ајри Демировски, авторот на песната Битола мој роден крај и првиот почесен граѓанин на Битола.
На истата беше промовиран документарен филм -Ајри Демировски каков што не го познаваат битолчани, на авторот, новинарот Менде Младеновски.
Освен Битола мој роден крај, во македонското народно творештво Демировски остави значајни дела, песни кои и денес се сметаат за бисери во македонското поетско и музичко наследство.
Творечкиот опус на Ајри се состои од околу 80 песни.
Тука спаѓаат-Збогум мајко, Со Битола се гордеам, Саноќ седам Трено, Каде си тргнала Јано, Таму ле мајко близу Битола и други .
Манифестацијата се одржа по повод 5 години од смртта на Ајри Демировски.