Манојловски обезбеди медал, битолските кик-боксери сопрени во четвртфиналето

0
313

Ненад Манојловски обезбеди пласман во четвртфиналето на третиот ден на Светското првенство во кик бокс кое се одржува во Белград. Манојловски во категоријата до 69 килограми кик лајт успеа ефектно да го победи Сачин Сарма од Велика Британија. На татамите Милан Кубин во кик лајт до 89 килограми имаше борба со Полјакот Матеуш Јересчек во која водеше со голема разлика, но по судиска одлука за прекумерна употреба на сила, доби казнени поени и на крајот ја загуби битката. Порази денеска претрпеа и битолчаните Александар Димовски и Александар Најдовски. Димовски во лоу кик над 91 килограм загуби од Бразилецот Ричард Јакоп, додека Најдовски во дисциплината до 86 килограми беше совладан од Хрватот Лука Симиќ.

Без коментари

LEAVE A REPLY