Мапа на велопаркинзи во Битола

0
1521

Ова е мапата на велосипедски паркинзи низ градот која ја изработија Битола на точак и која треба да ја има секој велосипедист во градот. На неа се обележани сите места во Битола каде што може да си го паркирате својот велосипед. Според истражувањето на YMCA Bitola од 2013 имало 344 вело паркинг места, а денес според новото истражување кое го правеше Битола на Точак, има 463 вело паркинг места. Велат дека им остануваат да се разгледаат уште неколку локации за да се комплетира и ги повикуваат граѓаните доколку има локација која не е обележана да ја пријават кај нив. Покрај мапата, на фејсбук профилот на Битола на точак поставени се и фотографии од велопаркинзите и локациите каде се наоѓаат. Некаде се нови, некаде се стари. Ги има во училиштата, градинките, пред маркетите, пред институциите, во паркот и други локации.

Пред повеќе од една недела на 4 локации во градот општината и ФОД поставија неколку нови железни конструкции кои се поставија на неколку локации во центарот на градот и на паркингот кај Спортската сала.

Паркинзи за велосипедите има, но се чини потребно е време да се стекне навика да се користат. Доказ за тоа е и оваа слика која беше поставена на фејсбук групата на Битола на точак, пред Апелациониот суд велопаркингот е празен, а неколкуте велосипеди се оставени пред влезот.pred apelacija