Мареј и Џоковиќ ќе играат во финалето на Мастерсот во Мадрид

0
889

Двајцата најдобри тенисери во светот, Новак Џоковиќ и Енди Мареј, ќре играат во финалето на Мастерс турнирот во Мадрид. Првиот светски рекет Џоковиќ во полуфиналето го совлада Кеи Нишикори, додека Мари, кој ја брани титулата во Мадрид, во реприза на ланското финале славеше над Рафа Надал.

Новак Џоковиќ не блескаше во полуфиналето против Нишикори, но сепак успеа да слави во два сета 6-3, 7-6. Енди Мареј водеше голема борба со Надал, подобро ги користеше брејк шансите и на крајот славеше 7-5, 6-4.

Мареј, в недела од 18:30 часот, ќе ја брани титулата во Мадрид, а Џоковиќ по 2011 година, кога го освои турнирот, повторно е во финалето. Џоковиќ во изминатите две години не настапуваше на овој турнир.

Финалниот меч ќе биде 32-от меѓусебен дуел на овие двајца тенисери, а Ѓоковиќ води со 22-9.

Без коментари

LEAVE A REPLY